Наполи договори уште три нови засилувања

Антонио Конте остана на чело на Наполи и го одби Јувентус откако Де Лаурентис му вети значителни засилувања во играчкиот кадар, а првиот човек на „наполитанците“ почна да го исполнува даденото ветување до својот тренер.

Најзвучен трансфер дефинитивно е оној на Кевин де Бруине од Манчестер сити, но управата на Наполи нема намера да запре, па во изминатите 24 часа договори уште три нови трансфери.

Дефанзивецот Сем Бакуема ќе биде нов командант на дефанзивата откако беше договорено тој да дојде од Болоња во трансфер вреден вкупно 30 милиони евра.

Значително засилување се очекува да биде и Ноа Ланг, одличниот офанзивец кој доаѓа од ПСВ Ајндховен за 25 милиони евра плус клаузули. Ланг веќе ги мина лекарските прегледи, додека Бакуема тоа ќе го стори во текот на утрешниот ден, по што двајцата ќе бидат промовирани во нови засилувања.

Засилен ќе биде и нападот, откако „заладија“ преговорите со Ливерпул за Дарвин Нуњез, па италијанскиот првак вниманието го насочи кон Лоренцо Лука. „Наполитанците“ ќе платат 30 милиони (плус пет милиони преку клаузули) за голгетерот на Удинезе, кој ќе се бори со Ромелу Лукаку за првотимски статус кај Антонио Конте.

Се вчитува...