Наполи дрма во Серија А, 25 минути за Елмас во победата над Сампдорија (ВИДЕО)

Наполи продолжува со извонредните игри на почетокот од сезоната во Серија А, триумфирајќи со убедливи 0-4 и на гостувањето против Сампдорија во Џенова во 5. коло.

„Наполитанците“ од самиот старт на мечот јасно ја демонстрираа определбата за три бода, па веќе во 10. минута со погодокот на Осимхен дојдоа до предност од 0-1.

 

Веќе во 39. минута Руиз зголеми на 0-2, а во 50. минута Осимхен со својот втор погодок дополни на 0-3.

Конечните 0-4 ги постави Зјелински во 59. минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 68. минута од натпреварот токму на местото на Зјелински, добивајќи овој пат одмор од Лучијано Спалети од самиот почеток.

Торино и Лацио одиграа без победник, 1-1. Торино со голот на Пјаца во 76. минута поведе со 1-0, но Лацио израмни со голот на Чиро Имобиле во 91. минута од пенал.

Се вчитува...