Наполи е страв и трепет во Калчо-лигата

Доминацијата на Наполи на италијанската фудбалска сцена продолжи и во шестото коло, во кое тимот на Елиф Елмас ja забележа и шестата победа во низа во Калчо-лигата, над домашен терен над Калјари со 2-0. „Наполитанците“ се единствен тим со максимален ефект по стартните шест рунти, притоа постигнувајќи 16 и примајќи само два гола.

Виктор Осимен беше стрелец на првиот погодок на мечот на асистенција на Политано, додека конечните 2-0 на почетокот од второто полувреме од пенал ги постави Инсиње. Откако победата беше осигурана, тренерот Спалети ги одмори дел од клучните играчи повлекувајќи ги Инсиње, Осимен и Зиелински. Меѓу оние кои влегоа во игра беше и Елиф Елмас, кој настапи во последните дваесетина минути од оваа победа на „наполитанците“.

Наполи по шест одиграни кола има максимални 18 бода, два повеќе од Милан и „плус четири“ во однос на шампионот Интер.

Се вчитува...