Наполи уште веќе се оддалечи од трката за скудетото откако по двете нерешени средби во низа, тимот на Елиф Елмас попладнево загуби на дербито против Рома со 2-1. Поразот е заслужен ако се знае дека „волчицата“ ја контролираше играта и резултатот, а покрај двата гола домаќините имаа и еден нереализиран пенал, преку Коларов во првото полувреме.
Резултатот го отвори Николо Заниоло, кој својот јубилеен 50. настап за „Римската волчица“ го круниса со еврогол од дваесетина метри. Откако Коларов не зголеми на 2-0 од белата точка, во вториот дел повторно беше досуден пенал за Рома (за играње со рака на еден гостински дефанзивец), по што Верету биеше прецизно за радост на домашните фанови.
Милик постигна гол на асистенција на „резервистот“ Лозано, но тоа беше се што гостите успеаја да сторат, па Наполи сега заостанува осум бода зад Јувентус, а „старата дама“ има и натпревар помалку.
Елиф Елмас воопшто не влезе во игра на денешниот натпревар на „Олимпико“.
Great run and pull back by spinazzola for an assist, good goal by zaniolo. #footballindex https://t.co/oqB9hXQaiN
— Footballindexherts (@Footballindexh1) November 2, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

