Калчолигашот Наполи во своите редови сака да ја донесе ѕвездата на Интер, Мауро Икарди, пренесуваат италијанските медиуми. Наполи е подготвен да одговори на сите барања од страна на Интер само, Аргентинецот да потпише за клубот.
Сепак, Икарди сака да игра за Јувентус. Директорот на италијанскиот шампион Фабио Паратичи, неодамна се сретнал со Икарди и неговата сопруга Ванда, и ги замолил да почекаат уште малку околу носењето на конечната одлука.
Икарди има договор со Интер до летото 2021. година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА