Наполи еден месец без голманот Мерет

Наполи најмалку еден месец ќе биде без голманот Алекс Мерет, објавија италијанските медиуми.

Италијанскиот репрезентатативец се повреди на дуелот против Монца, а по деталните лекарски прегледи утврдено е дека доживеал „лезија од втор степен на полумембранозниот мускул на левата бутина“.

Италијанските едиуми пренесуваат дека ќе биде најмалку четири недели надвор од терените, а сето тоа може да се продолжи и до 50 дена. Мерет наредниот период ќе го менува Пјерлуиџи Голини, кој и самиот се враќа по закрепнување на повреда.

Се вчитува...