Наполи е на добар пат да го осигура потписот на Енди Диуф, францускиот фудбалер кој со успех настапува за Ленс од 2023 година.
Дваесетидвегодишникот кој ги помина сите младински категории на француската репрезентација, а настапи и на Олимписките игри беше трансфер цел и на повеќе клубови од Премиерлигата, но засега италијанскиот шампион е оној кој што е најконкретен во преговорите испраќајќи понуда од 20 милиони евра.
Привичната понуда е за пет милиони помала од сумата која ја бараат Французите, но Диуф изразил голема желба да се пресели на југот на Италија па се очекува и брзо да биде постигнат договор за трансфер.
Фудбалерот од средниот ред настапи на 34 натпревари минатата сезона постигнувајќи две асистенции и гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

