Наполи го чува костурот на тимот: Лигата на шампионите е силен приоритет на Елмас и соиграчите

Наполи ќе го чува костурот на тимот за следната сезона која ја очекува со големи амбиции во Лигата на шампионите. Па, нов договор доби Пјотр Зјелински а во тек се преговорите со ѕвездата на тимот, Хвича Кварачхелија.

Зјелински се согласно на значајно намалување на платата и покрај интересот на Лацио и клубови од Саудиска Арабија. Па, во следната сезона место 4,5 милиони евра, ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона.

Неговото намалување на платата ќе овозможи простор за преговори за останување на Кварчхелија. Наполи му нуди продолжување на договорот до 2028 година.

Исто така желбата на Наполи е да го задржи и напаѓачот Виктор Осимен, и покрај огромниот интерес од Челси и Манчестер јунајтед, но и Јувентус.

 

Се вчитува...