Стоперот на Емполи, Лука Марианучи од следната сезона ќе се пресели во тимот на Наполи. Моментално второпласираниот тим во Серија „А“ ги договорил сите детали со неговиот клуб, а трансферот треба да го плати околу 9 милиони евра.
Овој талентиран фудбалер кој има 20 години и е висок 194 сантиметри, досега бил дел само од тимот на Емполи, каде ги минал сите младински категории. Една сезона 2023/24 минута како позајмен во Про Сесто, но се враќа во Емполи.
Марианучи покрај стопер, може да игра и десен бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА