Италијанскиот калчолигаш Наполи е во завршни преговори за ангажман на бразилскиот интернационалец Давид Луиз од редовите на Челси. Преговорите околу отштетната клаузула на Маурицио Сари, кој треба да го наследи Антонио Конте како менаџер на „Стемфорд бриџ“, се проширија и со можноста „наполитанците“ да го ангажираат дефанзивецот на Челси. Тој не доби соодветна минутажа кај Конте минатата сезона и бара шанса да си замине од клубот.
Наполи е подготвен да плати 30 милиони евра за услугите на Давид Луиз, а тренерот Карло Анчелоти веќе дал зелено светло за реализација на овој трансфер.
Пред ангажман во Наполи е и голманот на Пари Сен Жермен, Алфонс Ареола, кој треба да го наследи Пепе Реина. Аерола ги договорил личните услови со „наполитанците“ и останува само да падне „дил“ меѓу двата клуба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА