Наполи го „мерка“ заборавениот ас на Челси

Наполи повлече вистински потези на пазарот ангажирајќи фудбалери кои беа потценети во Премиер-лигата, како Скот Мектоминеј и Расмус Хојлунд, кои воскреснаа под водство на Антонио Конте откако претходно не беа на посакуваното ниво во дресот на Манчестер Јунајтед.

Сега „наполитанците“ се подготвуваат за сличен маневар и со Рахим Стерлинг, поранешниот англиски репрезентативец кој е на излезна врата од Челси. Крилниот офанзивец беше пратен на позајмица во Арсенал ланскиот шампионат, а сезонава беше отстранет од тимот од Енцо Мареска, па Стерлинг во последните месеци тренираше со младинскиот тим.

Тој е најплатен фудбалер на Челси со заработувачка од 300.000 фунти неделно, договорот му истекува на крајот од сезонава, а „сините“ едвај чекаат да се ослободат од него.

Челниците на Наполи ќе се обидат да ја искористат ситуацијата испраќајќи понуда за позајмица до крајот на сезонава. Челси дури и би покрил дел од платата на Стерлинг само за тоа да се случи, но на потег е самиот фудбалер, кој досега водеше инает и не сакаше да си замине од „Стемфорд бриџ“.

Сепак, понудата на италијанскиот првак и можноста да се игра во Лигата на Шампионите би можеле да го премислат Стерлинг во овој случај.

Се вчитува...