Војчех Шчешни најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Серија А, но во дресот на Наполи. Наполитанците нудат 10 милиони евра за неговите услуги, цена која беше договорена меѓу Арсенал и Рома за Полјакот да остане и по завршувањето на неговата позајмица, но римскиот клуб верува дека неговите квалитети не вредат толку. Наполи го има Пепе Реина, но грешките кои ги прави се’ почесто го натераа раководството да трага по нов чувар на мрежата, а Шчешни е засега најслободен на пазарот, бидејќи не планира да се врати во Арсенал.
Де Лаурентис има уште две опции, но за нив ќе треба да одвои повеќе средства, бидејќи се таленти од кои се очекува големи достигнувања. Алекс Мерет од Удинезе и Матија Перин од Џеноа се алтернативите, но овие млади голмани имаат потреба од искуство на европски ранг. Meрет има само 20 години, моментално е позајмен на Спал во Серија Б, а покрај Реина ќе може да учи и да не биде под притисок од предвремени очекувања. Перин моментално е повреден, пропушти повеќе од три месеци фудбал односно 17 натпревари, па не се знае дали ќе се врати во претпознатливата форма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА