Виктор Осимен се уште е максимално интересен за европските гиганти кои бараат врвен голгетер, но Наполи јасно стави до знаење дека нема лесно да се раздели од својот најдобар стрелец. Доказ за тоа се и најновите преговори со ПСЖ, во кои „наполитанците“ побарале огромни 150 милиони евра за трансферот на нигерискиот репрезентативец.
„Светците“ се во потрага по врвно решение за нападот по заминувањето на Лео Меси, а на врвот на листата со желби се наоѓаше токму Осимен. Наполи пред крајот на сезоната најави дека ќе бара 100 милиони евра за овој фудбалер, но во меѓувреме Де Лаурентис реши да ја зголеми цената, и тоа за огромни 50%. Францускиот шампион останал шокиран од ваквиот развој на настаните, па доколку не дојде до сериозен пресврт во ситуацијата, ПСЖ воопшто не планира да преговара за овој трансфер туку погледите ќе ги насочи кон останатите врвни напаѓачи на пазарот.
Зголемената цена е своевиден притисок на Де Лаурентис врз Осимен, во преговорите за нигерискиот голгетер да потпише нов договор. Наполи му нуди продолжување на соработката за уште три години, со тоа што во новиот договор би била вметната клаузула за трансфер од 130 милиони евра што би се активирала наредното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА