Фудбалерите на Наполи направија нов голем чекор кон освојување на титулата во Калчолигата, откако денеска славеа на гостувањето кај Лече со минимални 0-1 во натпревар од 35. коло во италијанската Серија А.
Наполитанците поведоа уште во 2. минута со голот на Лукаку, но поради офсајд со проверка на ВАР беше пониште. Сепак, гостите успеаја да стигнат до гол преку Распадори во 24. минута за водство од 0-1, што на крајот се покажа како доволно за нови три бода.
#McTominay astuto#Falcone incolpevole
La prodezza di #Raspadori. pic.twitter.com/hkiKyBmuwY— Antonio___ (@Anto_ni_o___) May 3, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

