Наполи го преспа првиот дел, па се разбуди со три гола во Удине (ВИДЕО)

Наполи дојде до 11 победа во 16. коло во Серија „А“ откако го совлада тимот на Удинезе на негов терен со 1-3. Избраниците на Антонио Конте се соочија со големи проблеми по првиот дел, но затоа во вториот постигнаа три гола и така тирумфираа со пресврт.

Тавин во 22. минута успеа да донесе предност откако промаши пенал, но топката се одби до него и успеа да реализира.

На старто од вториот дел Лукаку израмни, а потоа автогол на Џанети за предност на Наполи. Точка на триумфот за „наполитанците“ стави Ангуиса во 81. минута.

Се вчитува...