Со цел да ја смири непотребно настанатата компликација поради видео на социјалната мрежа „Тик Тик“ поврзано со напаѓачот на тимот, Виктор Осимен, Наполи официјално му врачи отказ на директорот за социјални мрежи, Алесио Фортино кој две и пол години беше дел од клубот.
Осимен промаши пенал на дуелот против Болоња, а веднаш потоа на официјалниот профил на клубот се појави видео со кое се исмејуваше промашувањето на напаѓачот. Шегата не помина добро кај 24-годишникот кој ги избриша сите објави во дресот на Наполи и најави заминување и тужба против клубот.
До истата сепак нема да дојде по смирување на страстите, а и покрај тоа што Алесио Фортино не е директно виновен поради пропустот, тој ја снесе одговорноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

