Наполи им ги замрси сметките на фудбалерите на Интер во борбата за Лигата на шампионите, откако во реално натпревар без резултатско значење за нив славеа на домашен терен со 3-1.
Голема глупост направи Гаљардини кој во првото полувреме доби два жолти картони и со тоа ги остави своите играчи на цедило. Во 67. минута домаќините поведоа со голот Замбо-Ангиса. Гостите успеаја да израмнат преку Ромелу Лукаку во 82. минута. Ново водство за домаќините (2-1) донесе Ди Лоренцо со феноменален гол во 85. минута, додека конечните 3-1 ги постави Гаетано во 95. минута.
Македонскиот репрезентативец Елјиф Елмас стартуваше за својот тим и одигра 69. минута.
Napoli [1] – 0 Inter – Andre Zambo Anguissa 67′
by u/GodOfGols in soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА