Елиф Елмас би можел повторно да го облече дресот на Наполи. Ова го тврдат дел од италијанските медиуми, од каде потенцираат дека Наполи е веќе во преговори за „кам-бек“ на македонскиот фудбалер.
Со оглед дека има недостаток на крилни фудбалери и играчи во средниот ред, тренерот Антонио Конте ќе се обиде да го врати македонскиот „дијамант“ во Неапол, каде што репрезентативецот на Макеоднија мина пет години, и притоа го постигна најголемиот успех, односно ја врати титулата после долги години.
Во 2024 година во јануари, Елмас замина во Лајпциг, и се чини дека направи лош потег. Изминатите шест месеци ги мина како позајмен во Торино. Токму Торино беше најблиску до неговите услуги, но исто така и далеку со оглед дека немаше конкретни чекори од клубот, односно не сакаше да ја плати поставената цена од околу 15 милиони евра.
Исто така за Елмас имаше интерес за враќање во Турција, и тоа во дресот на Трабзонспор, но самиот фудбалер сакаше да игра само во Италија, на понуда од Наполи би дошла како добродојдена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

