Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку наскоро ќе потпише за Наполи. Италијанскиот клуб ќе му плати отштета од 30 милиони евра, а Лукаку ќе стане вториот играч за кој се платени најмногу пари во светот на фудбалот.
Кога ќе се земат во предвид сите отштети платени за овој играч, се добива сума од 370 милиони евра. Пред Лукаку е само Нејмар, за кого Барселона плати 88 милиони, ПСЖ 222, а Ал Хилал 90 милиони евра.
Лукаку доаѓа во Неапол како замена за Виктор Осимен кој е пред трансфер во Премиерлигата, во тимот на Челси. Исто така и Арсенал е заинтересиран за неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА