Наполи отиде на +13 бодови во однос на второпласираниот Интер со вечерашната победа на Рома. Лидерот во Серија „А“ тешко дојде до триумфот, со оглед дека ја донесе „џокерот“ Џовани Симеоне во 86. минута од мечот.
Осимен на асистенција на Кварацкелија успеа да дојде до водство во 17. минута. Рома одигра слаб прв дел, со само еден обид кон голот на Наполи.
Затоа сосема спротивна слика во вториот дел кога тимот на Мурињо имаше свои минути и успеа да создаде неколку шанси. До израмнување гостите дојдоа во 75. минта преку Ел Шарави по добра акција од десната страна.
Спалети направи вистински потег откако го извади Осимен, и го стави Симеоне, кој на асистенција на Зиелински во 86. минута успеа да погоди во горниот десен агол од голот на Руи Патрицио за нова, голема победа на Наполи на патот кон титула.
Елиф Елмас влезе во игра во 69. минута на местото на Кварацхелија, и имаше неколку пробиви низ противничката одбрана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА