Елиф Елмас и Наполи стигнаа до првата победа во групаната фаза од Лига Европа откако во третото коло славеа против Легија со 2-0. Италијанскиот состав доминираше на средбата, но отпорот на Легиа беше скршен во последните 15. минути од средбата. Македонскиот репрезентативец одигра 90. минути на денешниот натпревар во кој беше „мета“ на противничките фудбалери кои имаа неколку остри стартови над него, a мечот го заврши со асистенција за последниот погодок.
Инсиње во 76. минута го отвори натпреварот на асистенцијата на Политано, а четири минути подоцна стрелаше и Осимхен. Победата на неаполитанците ја потврди Политано со одличен удар од далечина во петтата минута од судиското продолжение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА