Наполи на домашен терен успеа да ја совлада жилавата Специја со 1-0 во рамки на 6-то коло од италијанската Серија А.
Наполи одлично го стартуваше мечот, високо притискаше и ја држеше топката во свој посед. Се редеа и неколку супер прилики за гол, но без успешна реализација. На пауза се замина со почетниот резултат од 0-0.
Тимот од Неапол продолжи таму каде што застана и во второто полувреме, а во 60. минута првата сериозна шанса ја имаше нашиот репрезентативец Ељиф Елмас, кој со глава биеше над пречката. Македонецот играше до 74. минута.
До крајот на мечот домаќините имаа уште неколку шанси, а во 89. минута конечно успеаја да ја затресат мрежата на гостите, публиката овојпат го славеше Џакомо Распадори, стрелецот на еднинствениот гол, вреден за освојување на нови три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА