Наполи и Елмас се враќаат на победите – „Ладен туш“ за „росонерите“, Специа го освои Милано (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни уште два натпревари од 22-то коло во Серија А, Наполи и Ељиф Елмас запишаа гостинска победа од 0-2 над Болоња, додека Милан на домашен терен се лизна против аутсајдерот Специја, тим кој успеа да ги порази домаќините во последната минута (1-2).

Милан го отвори натпреварот во последната минута од првото полувреме, откако Тео Хернандез промаши пенал, а Рафаел Лиао налета на одбиената топка и ја затресе мрежата на гостите за минимално водство од 1-0.

Во вториот дел Кевин Агудело израмни на 1-1 во 64. минута, а овој резултат остана до крајот на мечот. „Росонерите“ во текот на целиот натпревар доминираа, но тоа не се покажа како доволен влог за освојување на трите бода, а Емануел Ѓаси во 95. минута успеа да донесе голема победа за својот тим. По ваквиот исход Милан останува на втората позиција со 48 бода, два поени помалку од лидерот Интер, додека Специа со 22 бода се наоѓа на 14-то место.

https://streamff.live/map

 

 

 

https://streamff.live/3ep

 

Ељиф Елмас продолжува со одличните игри во Калчо-лигата, откако „дијамантот“ беше дел од победата на Наполи, успевајќи уште еднаш да блесне, овој пат на гостувањето против Болоња (0-2).

Македонскиот ас беше учесник во првиот гол на својот тим, откако тргна во дриблинг од левата страна, одлично си создаде простор и нафрли кон срцето на шеснаесетникот, каде Лозано одлично се снајде и го совлада домашниот голман. Хирвинг Лозано успеа да се запише и по втор пат во листата на стрелци, откако во 47. минута зголеми на 2-0, резултат кој се покажа и како конечен по официјалните деведесет минути.

По оваа победа Наполи има 46 бода и му се доближи на Милан на само два поени.

Се вчитува...