Наполи и Елмас со победа од Рим се „загреаја“ за ЛШ

Наполи триумфално се враќа од Рим, на гостувањето кај Лацио. И покрај тоа што на стартот имаа негатива, сепак, направија пресврт и на крајот завршија со три бода.

Закањи во 4. минута на додавање на Филипe Андерсон постигна убав гол. Врати со погодок Мин-Жае во 38. минута и го израмни резултатот. Во вториот дел одличниот  Кварацхелија во 61. минута донесе водство, и победа за Наполи.

Елиф Елмас влезе во игра во 68. минута и донесе освежување во средниот ред. Ова беше победа на Наполи пред дуелот со Ливерпул во првото коло во Лигата на шампионите.

Се вчитува...