Наполи и Јакимовски подобри од шампионот на стартот во Еврокупот

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски и неговиот Наполи славеа на стартот од новото издание на УЛЕБ Еврокупот.
Наполи со 84:76 со совлада шампионот од минатата сезона, Бург.

Јакимовски беше во стартната постава на Наполи и одигра одличен натпревар, за 22 минути на поминати на паркетот, постигна 11 поени и имаше 4 скокови и една асистенција.

Одлучувачки момент беше втората четвртина која Наполи ја доби со 28:20 и на пауза замина со двоцифрена предност (47:37). Во третата четвртина Наполи имаше и плус 17 (65:48) со што беа решени сите дилеми околу победникот иако во последниот период, актуелниот шампион дојде до минус четири (71:67), но немаше сили за пресврт.

Се вчитува...