Каљари и Наполи со реми натпревар (1-1) го заокружија 26. коло од Серија А. Наполи и Елмас беа неутрализирани во обидот да дојдат до победа преку која ќе се изедначеа со Милан на лидерското место.
Тимот од Неапол го започна овој двобој во грч, а домаќините креираа неколку сериозни шанси за гол, па до крајот на првото полувреме го имаа поседот на топка под своја контрола.
Во второто полувреме домаќините поведоа преку Гастон Переиро, кој успеа да ја затресе мрежата на Наполи во 58. минута за водство на својот тим. Следните минути припаднаа на гостите, кои покренаа иницијатива да се вратат во игра, а во тоа успеаја дури во 87. минута преку Виктор Осимхен.
По ваквиот исход Наполи останува на третата позиција со 54 бода, исто како и второпласираниот Интер. Каљари со 22 бода и понатаму се наоѓа во зоната на испаѓање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА