Елиф Елмас и неговиот Наполи не успеаја да стигнат до победа на гостувањето кај Копенхаген откако одиграа само 1-1 во натпревар од 7. коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Иако играа со фудбалер повеќе од 35 минута по директниот црвен картон на Дилејнии имаа водство од 0-1 со голот на Мектоминеј на асистенција на нашиот Елиф Елмас, наполитанците на крајот стигнаа само до бод (1-1), откако домаќините израмнија со погодокот на Ларсон во 72. минута.
Реал Мадрид го прегази Монако со 6-1. Мбапе постигна два погодоци, додека по еден пат стрелаа Мастантуоно, Винициус Жуниор и Белингем, а гостите си постигнаа и автогол преку Керер. Единствениот гол во мрежата на „кралевите“ го постигна Тезе.
Во дербито на вечерта Арсенал славеше на гостувањето кај Интер со 1-3. Габриел Жезус со два гола и Ѓокереш со еден се запишаа во листата на стрелците за гостите, додека единствениот погодок за домаќинот го постигна Сучиќ.
Актуелниот шампион ПСЖ беше шокиран од Спортинг Лисабон со 2-1.
РЕЗУЛТАТИ ЛШ 7. КОЛО:
КОПЕНХАГЕН – НАПОЛИ 1-1
ИНТЕР – АРСЕНАЛ 1-3
ОЛИМПИЈАКОС – БАЕР Л. 2-0
РЕАЛ МАДРИД – МОНАКО 6-1
СПОРТИНГ Л. – ПСЖ 2-1
ТОТЕНХЕМ – БОРУСИЈА Д. 2-0
ВИЛЈАРЕАЛ – АЈАКС 1-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

