До крајот на летниот преоден рок новиот тренер на Наполи, Антонио Конте би можел да добие уште едно засилување од Премиерлигата. Голема желба на неаполитанците е Ромелу Лукаку кој се очекува да пристигне од редовите на Челси, но на југот на Италија може да заврши и Скот Мектоминеј, пренесуваат италијанските медиуми.
Калчолигашот веќе испратил понуда вредна 25 милиони евра за услугите на Мектоминеј, но овој износ е за пет милиони евра помал од бараната цена на Манчестер Јунајтед па се очекува преговорите да се интензираат во следниот период.
Дваесетиседумгодишникот потекнува од младинската школа на Манчестер Јунајтед, а шанса во првиот тим доби во 2017 година. Оттогаш одигра 254 натпревари забележувајќи 29 голови и осум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА