Нигерискиот репрезентативец Виктор Осимен по четири години поминати во Наполи сака да ја промени средината, но проблемот кој се јавува во реализација на трансфер е сумата за неговите услуги која ја бара италијанскиот клуб од 130 милиони евра.
Поради тоа пропадна неговиот премин во ПСЖ, кој по случајот Килијан Мбапе нема намера да издвојува толкава сума на пари за ново засилување па останува можност тој да реализира трансфер во Саудиска Арабија.
А, пак секој ден поминат без договор за трансфер на 25-годишникот е и проблем сам по себе за Наполи кој веќе ја знае неговата замена, но не може да ја ангажира додека не се ослободи од неговиот богат договор. Тоа е Ромелу Лукаку, корпулентниот белгиски голгетер кој има пребогато искуство во италијанското првенство каде во минатото настапуваше за Интер и Рома. Лукаку веќе има договор со „наполитанците“, екс-првакот на Италија е блиску до „дил“ и со Челси околу висината на отштетата, но за овој трансфер да се реализира ќе мора најпрвин Осимен да си замине од Неапол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА