Фудбалскиот клуб Наполи е во завршни преговори за ангажман на играчот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми. Германските медиуми пренесуваат дека Борусија е подготвена да му дозволи на Адејеми да го напушти клубот од Дортмунд со отштета од 50 милиони евра.
Преговорите меѓу двата клуба се во тек, а трансферот треба да биде комплетиран до крајот на неделата. Адејеми (23) треба да биде замена за Квича Кварасхелија во тимот на Наполи, кој пред десетина дена се пресели во Пари Сен Жермен.
Тој е член на Борусија од 2022 година, а оваа сезона одигра 14 натпревари за клубот од Дортмунд и постигна пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

