Наполи веќе се подготвува за славје на шампионската титула во Италија, прва после 1990 година. Скудетото веќе патува кон Неапол, а еден од заслужните за таквиот успех е и напаѓачот Виктор Осимен.
Нигериецот веќе стана „топ тема“ во Италија, а богатите клубови како Реал Мадрид, Манчестер Сити, Челси, Манчестер Јунајтед веќе ја следат ситуацијата со соиграчот на Елиф Елмас во првопласираниот тим на Серија „А“.
Наполи наводно веќе ја одредил цената за својот напаѓач. Станува збор за сума од 150 милиони евра, цифра која што ќе мора секој заинересиран клуб да ја плати за да го види Осимен во своите редови.
Нигериецот во 2020 година за 77 милиони евра дојде во Наполи, и има договор до 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА