Виктор Осимен блеска во шампионската сезона на Наполи, а со тоа го примами и интересот на останатите европски великани. Во преден план за негов потпис се премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Челси, но за ангажман на 24-годишникот ќе мораат да издвојат сериозна сума на пари.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, тимот од Неапол ја одредил цената за Нигериецот која изнесува 150 милиони евра. Истата се должи и на рекордниот трансфер од 120 милиони евра на Енцо Фернандез на „Стемфорд Бриџ“, бидејќи Италијанците сметаат дека тој е подобар фудбалер од Аргентинецот.
Осимен пристигна во Наполи за 75 милиони евра од Лил, а во дресот на италијанскиот клуб досега настапи 91 натпревар на кои 53 пати ја тресеше мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА