Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во 56. минута од натпреварот против Сасуоло мораше принудно да го напушти теренот.
По натпреварот помошниот тренер Кристијан Стелини соопшти добри вести за Македонецот на Наполи откривајќи дека не станува збор за потешка повреда, туку замена принудена од вртоглавица.
„Елмас почувствува вртоглавица, веројатно се должеше на симптоми на грип. Не станува збор за повреда, но ќе видиме што ќе кажат утрешните прегледи“, изјави Стелини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

