Наполи ја прифати понудата на Ал Ахли, но не и Осимен

Како што наближува крајот на преодниот рок, најголемиот проблем за Наполи останува. Тимот од југот на Италија мака мачи да го продаде Виктор Осимен, најголемата ѕвезда во тимот кој е не задоволен и сака да замине од клубот.

Наполи веќе ја доведе и неговата замена, Ромелу Лукаку, но ниту еден европски клуб не сака да ја плати цената од 130 милиони евра која ја бараат неаполитанците за нигерискиот голгетер. Последната понуда пристигна од Саудиска Арабија, потточно од Ал Ахли и во износ од 65 милиони евра, понудата која раководството на Наполи ја прифатило, но не и Осимен.

Нигериецот сака да настапува во најелиниот фудбал и нема намера да се пресели во Саудиска Арабија. Тој чека трансфер во Челси, Арсенал или ПСЖ, но за да го реализира изгледа ќе мора да ги намали очекувањата за месечните примања и да отстапи од одбивањето на можност преминот да биде реализиран како позајмица.

Се вчитува...