Наполи се поизвесено ја пронајде замената за Квича Кварацкелија кој се пресели во редовите на Пари Сен Жермен.
Желба на „наполитанците“ е Алан Сен-Максиман, член на Ал-Ахли, кој моментално игра на позајмица во Фенербахче.
Од Италија следат информациите дека интересот за Сен-Максиман е максимално сериозен, иако не се знае дали ќе се завршат формалностите за трансферот во овој преоден рок. Ако Ал-Ахли ја прекине неговата актуелна позајмица на време, тој ќе биде позајмен на Наполи до јуни за 4 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА