Италијанскиот калчолигаш Наполи сака да да ја засили конкуренцијата во навалната линија и планира во летниот преоден рок да го купи Инаки Вилијамс, младинскиот репрезентативец на Шпанија и член на Атлетик Билбао. Тренерот Маурицио Сари сака да има уште еден квалитетен крилен фудбалер како дополнување за Дрис Мертенс и за Хозе Калјехон, и е подготвен за него да плати 20 милиони евра.
Оваа сезона Инаки Вилијамс одигра 47 натпревари за Атлетик Билбао во сите конкуренции, постигна осум гола и имаше седум асистенции. За Инаки Вилијамс се интересираат и Јувентус, Борусија Дортмунд и Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА