Италијанскиот калчолигаш Наполи е сериозно заинтересиран за ангажман на колумбискиот интернационалец Хамес Родригез. Тој моментно со националниот тим настапува на Копа Америка, а раководството на „наполитанците“ како да го убеди да дојде во Неапол и со тоа да ја исполни желбата на тренерот Карло Анчелоти.
Наполи, како што откриваат медиумите на Апенините, е подготвен да го реактивира дресот со број „10“, кој е повлечен од употреба после легендарниот Диего Марадона и да му го понуди на Хамес Родригез. Покрај тоа, италијанскиот клуб ќе плати и 45 милиони евра отштета на Реал Мадрид за Колумбиецот. Тој изминатите две сезони како позајмен играч настапуваше за Баерн Минхен, но германскиот првак одлучи да не го откупи комплетно неговиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА