Фудбалерите на Наполи ќе влезат во финалната борба за Скудетото без својот стопер Алесандро Бонџорно, кој се повреди во победата против Торино (2:0) пред два дена и ја заврши сезоната. Претходно сезоната ја заврши и Давид Нерес.
Бонџорно го напушти теренот во 64-тата минута, веднаш беше јасно дека не е добро, а првите анализи покажаа повреда на бутниот мускул за која е потребен процес на рехабилитација.
Наполи е многу блиску до тоа да стане шампион на Италија по втор пат во три години. На четири кола до крајот на Серија А, тој е лидер на табелата со 74 бода, што е три повеќе од актуелниот шампион Интер.
Избраниците на Антонио Конте имаат одличен распоред на крајот, бидејќи играат против Лече на гости, Џенова дома, Парма на гости и Каљари во Неапол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

