Македонскиот фудбалски репрезентативец Елјиф Елмас е еден од најдобрите фудбалери на Наполи во досегашниот дел од сезоната во италијанската Серија А. Наполитанците се први на табелата во калчолигата, а Елмас е трет стрелец на клубот со пет гола веднаш зад Осимен и Квараскелија.
Тимот од Неапол му ставил откупна клаузула на македонскиот дијамант Елиф Елмас во висина од 50 милиони евра и само под тој услов одличниот играч за врска би го напуштил тимот во летниот преоден рок.
Италијанскиот новинар Франческо Модуњо на „Теленовело“, открил од извори блиски до клубот колкава е цената на македонскиот репрезентативец.
„Елмас е еден од највредните фудбалери на Наполи и има нова цена од 50 милиони евра и никој не сака да чуе да чуе да биде продаден за помалку“, изјави Модуњо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА