Италијанскиот калчолигаш Наполи доведе во своите редови млад офанзивен играч за врска од францускиот клуб Бордо. Се работи за Адам Оунас, кој потпиша четиригодишен договор со „наполитанците“ и треба да ја засили навалната линија на тимот.
„Сакам да се заблагодарам на Бордо за се што стори за мене во изминатиот период, што ми даде шанса за докажување. Наполи е мојата следна станица во кариерата, мојот нов голем предизвик и се надевам дека ќе ја оправдам довербата“, изјави Адам Оунас, при претставувањето пред италијанските медиуми.
Тој минатата сезона одигра вкупно 30 натпревари во дресот на Бордо и постигна четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА