Италијанскиот калчолигаш Наполи сака да го задржи Лоренцо Инсиње во клубот најмалку уште три сезони. Раководството подготви нов договор за крилниот играч кој е цел и на Барселона и Арсенал. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и „наполитанците“ сакаат навреме да се осигураат дека ќе остане во Неапол подолг период.
Покрај Инсиње, приоритет за претседателот Аурелио де Лаурентис во моментот се и Дрис Мертенс и Хозе Калјехон. За нив клубот исто така подготвува продолжување на соработката до 2023 година. Тренерот Карло Анчелоти сака да го задржи костурот на тимот и да го надгради со уште неколку квалитетни фудбалери.
Од оваа сезона нов член на Наполи е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

