Валтер Мацари повеќе не е тренер на Наполи, пренесуваат италијанските медиуми. 62-годишниот италијански стратег доби отказ по разочарувачките резултати со што неаполитанците станаа првиот тим кој променил два тренери во една сезона како актуелен шампион.
Неговото место ќе го наследи Франческо Калцона кој ќе дебитира на натпреварот против Барселона во Лигата на Шампиони. Калцолна кој во минатото беше дел од стручниот штаб и на Сари и на Спалети, во моментот е селектор на Словачка и ќе продолжи да ја врши оваа улога и во иднина.
BREAKING: Napoli have SACKED Walter Mazzarri 🔵❌
His replacement will be Francesco Calzona who has signed a contract until June – his first game will be against Barcelona in the Champions League 😬
He was formerly a part of both Sarri and Spalletti’s staff. He will coach… pic.twitter.com/XWyQEAThOV
— Italian Football TV (@IFTVofficial) February 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА