Наполи не го продава Кулибали за сума помала од 100 милиони евра

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, нема да го напушти Неапол доколку во клубот не пристигне понуда од 100 милиони евра. Претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис повторно потенцираше дека нема намера да го продаде одличниот одбранбен фудбалер ова лето доколку Наполи не го добие посакуваниот финансиски надомест.

Кулибали е желба на неколку европски гиганти, за него се заинтересирани Манчестер Сити, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен, но засега на „Сан Паоло“ нема пристигнато понуда поголема од 75 милиони евра, тврди „Кориере дело спорт“. Раководството на „наполитанците“ и понатаму инсистира на огромната отштета иако очекувањата се дека ниту еден клуб нема да се осмели да плати 100 милиони евра за трансфер ова лето во услови на пост-корона кризата.

Кулибали има актуелен договор со Наполи до 2023 година.

Се вчитува...