Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кажа дека е многу задоволен од ждрепката во која за противник во 1/8 финалето на Лигата на шампионите им го додели тимот на Барселона.
И покрај тоа што Наполи не знае за победа во дуелите со Барселона, Де Лаурентис истакна:
„Многу сум задоволен од ждрепката. Тоа е одличен тим, со сличен стил на нашиот“, изјави првиот човек на италијанскиот првак.
До сега шест пати се сретнале овие два тима на официјални натпревари, а Италијанците немаат ниту една победа, со скор од две ремија и четири порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА