Наполи и нтаму нема намера да застане во ангажман на играч од средниот ред, каде што е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Елмас на првиот меч во Серија „А“ стартуваше како резерва, а сега дополнително може да се ископлицира ситуацијата, со најновата информација дека Наполи сака да ангажира фудбалер на Тотенхем.
Станува збор за Тангуј Ндомбеле за кого нема место во тимот на Тотенхем, и Антонио Конте сака да се ослободи од него и да го продаде.
Се разгледува можноста Ндомбеле да дојде како позајмен во Наполи, со право на откуп. Цената на позајмицата ќе биде 1 милион евра, со можност за откуп за 30 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА