Сега и официјално е потврдено. Елиф Елмас направи „кам-бек“ во Наполи, откако италијанскиот шампион објави дека македонскиот репрезентативец одново е дел од клубот.
Договорот со Лајпциг е на позајмица на една сезона, со можност за откуп, но не се откриени детали.
Елмас од 2019 до 2024 година беше дел од Наполи, во миговите кога тимот ја врати шампионската титула после повеќе од 30 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

