Наполи одби 130 милиони евра

Аурелио де Лаурентис останува доследен на најавите дека ќе настојува да го задржи шампионскиот тим на Наполи, откако првиот човек на „наполитанците“ денеска одби 130 милиони евра.

Станува збор за понуда од Ал Хилал од Саудиска Абија, и тоа за Виктор Осимен, но претседателот на Наполи уште еднаш го потврди својот став – нигерискиот голгетер ќе биде достапен само ако некој плати 200 милиони евра за негов ангажман. Ал Хилал реши да се насочи кон Осимен откако пропадна идејата за мегатрансфер на Килијан Мбапе, но веќе останува јасно дека нема да им биде нималку лесно да најдат заеднички јазик со Наполи за голгетерот кој лани постигна вкупно 31 погодок во сите натпреварувања.

Де Лаурентис во најскоро време ќе потпише нов договор со Квараскелија, а се очекува истото да го стори и со Осимен. Нигериецот со тоа би добил зголемена плата, но и клаузула од околу 130 милиони евра што би му овозможила следното лето да направи мегатрансфер во кариерата.

Се вчитува...