Играчот на Наполи, Станислав Лоботка ја напушти репрезентацијата на Словачка поради повреда. Прегледите покажаа дека играчот од средниот ред ќе мора да отсуствува 3-4 недели поради повреда на тетивата.
Повредата ја заработи на натпреварот со Џенова во неделата, по што италијанскиот првак ќе биде без неговите услуги минимум до крајот на октомври. Претходно беше објавено дека е повреден и крилниот напаѓач Матео Политано.
На 10 и 13 октомври, репрезентацијата на Словачка ќе игра против Северна Ирска и Луксембург во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

