Наполи пак се „лизна“, Јуве е недостижен

Фудбалерите на Наполи потфрлија втор натпревар по ред, па со денешното реми против Торино (2-2) ги сведоа своите шанси за титула само на теорија. На две кола до крајот тие имаат шест бода помалку од Јувентус, така што веќе со 99,9% сигурност може да се каже дека „црно-белите“ од Торино ќе ја продолжат својата доминација во италијанскиот фудбал.

Наполи има за што да жали бидејќи денеска два пати водеше, најпрвин преку Мертенс по неверојатниот подарок од Бурдисо, потоа и преку Хамшик, но сепак не успеа да стигне до цел плен.

Џенова загуби со 2-3 од Фиорентина, меч на кој трагичар беше нашиот Горан Пандев. Македонскиот ас доби црвен картон во 71. минута при водство на домаќините од 2-1, по што „виолетовите“ со два погодоци со играч повеќе стигнаа со победата.

Лацио без помошта на повредениот Имобиле ремизираше 1-1 со Аталанта, правејќи ја максимално интересна битката со Интер за место во ЛШ во последните две кола.

Резултати Италија:

Удинезе – Интер 0-4, СПАЛ – Беневенто 2-0, Лацио – Аталанта 1-1, Киево – Кротоне 2-1, Џенова – Фиорентина 2-3, Наполи – Торино 2-2.

Се вчитува...