Наполи по 18 години го менува спонзорот на дресот

Зад Наполи е сезона за восхит во која клубот за кој настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас успеа да ја освои шампионската титула во Серија А по 32 години пауза.

А, во новата сезона неаполитанците ќе влезат со променет изглед. По 18 години клубот ќе остане без спонзоот „Лете“ ќе биде заменет само со „МСЦ“, компанијата која работи со морски транспорт. На социјалните мрежи веќе се појавија и дресовите со кои ќе настапуваат шампионите во новата сезона.

Се вчитува...